Ристевски: На секој меч одиме на триумф, така ќе биде и во Загреб

Македонскиот првак Еурофарм Пелистер го чека тешко гостување кај Загреб во Лигата на шампионите во последниот меч за оваа година.

Кружниот напаѓач Самоил Ристевски се врати на терените и добива минутажа од тренерот Гарабаја. Тој посакува триумф во Загреб.

„Физички се чувствувам одлично. Благодарност до сите во тимот за поддршката во тешкиот период. Имав минутажа на последните натпревари, сакам да играм подобро и да го докажам мојот квалитет. Се подготвуваме за Загреб, гледаме видеo-анализа, тренираме напорно и се надеваме на најдоброто. На секој меч одиме на победа, така ќе биде и овој пат. Загреб е одлична екипа, во Лигата на шампионите нема лоши тимови. Ќе одиме да извојуваме победа и се надевам дека ќе успееме во нашата намера“, изјави Ристевски.

На табелата Загреб е последен без бодови, додека Еурофарм Пелистер е на седмото место со четири бода.

Натпреварот меѓу Загреб и Еурофарм Пелистер се игра утре во „Арена Загреб“ со почеток во 18:45 часот.