Со осумте натпревари се комплетира групната фаза во групите А, Б, Г и Х, па познато е која селекција со колку бодови патува во главната рунда.
Во групата А за првото место Данска беше убедлива против Романија, додека во групата Б истото го направи селекцијата на Унгарија во битката против Швајцарија.
Бразил иако минимално губеше на паузата од Шведска, на крајот ги победи скандинавките и оди со четири бода во главната рунда.
Норвешка немаше проблеми против Ангола и го освои првото место во групата Х, а африканскиот тим патува во следната фаза со два бода.
Хрватска го загуби клучниот наптревар за пласман понатаму од Јапонија и ќе игра во Президент Куп.
Светско првенство, 3 коло, резултати:
група А
Данска – Романија 39-31
Јапонија – Хрватска 25-19
табела: 1. Данска 6, 2. Романија 4, 3. Јапонија 2, 4. Хрватска 0
група Б
Унгарија – Швајцарија 32-25
Сенегал – Иран 30-21
табела: 1. Унгарија 6, 2. Швајцарија 4, 3. Сенегал 2, 4. Иран 0
група Г
Шведска – Бразила 27-31
Чешка – Куба 44-21
табела: 1. Бразил 6, 2. Шведска 4, 3. Чешка 2, 4. Куба 0
група Х
Норвешка – Ангола 31-19
Јужна Кореја – Казахстан 35-17
табела: 1. Норвешка 6, 2. Ангола 4, 3. Јужна Кореја 2, 4. Казахстан 0

























