Македонскиот вицепрвак Вардар нема грижи околу пласманот во главната рунда од Лигата на Европа пред последниот натпревар со францускиот Тулуз.
Иако веќе е обезбеден местото во ТОП 16, сепак победата над Тулуз ќе биде од големо значење од кое место ќе патуваат вардарци во следната рунда, секако во зависност и од резултатот од средбата меѓу Кристијанштад и Сесвете.
Левото крило Марио Стојановски ги сподели очекувањата од последниот европски натпревар за 2025 година.
„Добро го имаме анализирано Тулуз, треба само да го спроведеме на теренот тоа што ни го кажа стручниот штаб на чело со Иван Чупиќ и одиме на победа“, изјави Стојановски.
Натпреварот меѓу Вардар и Тулуз се игра утре од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.

























