ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО OД СУПЕР МАШКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Традицијата продолжува и екипата на 24Ракомет и годинава ви овозможува во секое коло да гласате за најдобрите ракометари по коло во есенскиот дел од сезоната.

На крајот од сезоната повторно ќе ја избереме иделната седморка, а во меѓувреме за секое коло ќе ви дадеме можност да го изберете најдобриот играч во идеалниот тим што го предлага тимот на 24Ракомет.

Ние ги одбравме најдобрите седум. Со помош на вашите гласови ќе го одбереме ракометарот кој ќе биде МВП на 14 коло од суперлигашката конкуренција.

Едноставно, гласајте за ракометарот за кој сметате дека бил меѓу најдобрите и го одбележал ова коло.

Meѓу номинираните за ова коло има по еден ракометар од тимот од Автокоманда, Еурофарм Пелистер, Вардар, Прилеп, Еурофарм Пелистер 2, Тиквеш и Пролет.

За МВП на колото ќе можете да гласате до недела до 12 часот.

Супер лига, 14. коло, резултати:

ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – АЛКАЛОИД 26-26 (ИЗВЕШТАЈ)
ПРИЛЕП – БУТЕЛ СКОПЈЕ 30-20 (ИЗВЕШТАЈ)
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 23-30 (ИЗВЕШТАЈ)
ОХРИД – ВАРДАР 26-28 (ИЗВЕШТАЈ)
ТИКВЕШ – СТРУГА 32-25 (ИЗВЕШТАЈ)
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – КУМАНОВО 30-28 (ИЗВЕШТАЈ)

СПОРЕД ВАС КОЈ Е НАЈКОРИСЕН РАКОМЕТАР НА 14. КОЛО ВО МАШКАТА СУПЕР ЛИГА?

Славчо Шулески - среден бек - Еурофарм Пелистер 2
50.00%
Димитар Димитриоски - лево крило - Прилеп
17.65%
Марко Стојковиќ - пивот - Алкалоид
13.24%
Никола Стоилевски - десно крило - Пролет
10.29%
Никола Митревски - голман - Еурофарм Пелистер
4.41%
Урош Митровиќ - десен бек - Вардар
2.94%
Богдан Мијушковиќ - лев бек - Тиквеш
1.47%

ИДЕАЛЕН ТИМ НА 14. КОЛО ОД СУПЕРЛИГА

Голман: Никола Митревски (Еурофарм Пелистер) – Чуварот на мрежата на шампионот имаше одлична партија против „сино-белите“ од Автокоманда.

Лево крило: Димитар Димитриоски (Прилеп) – Прилепчанецот го водеше својот тим до важен триумф над Бутел Скопје.

Лев бек: Богдан Мијушковиќ (Тиквеш) – Црногорскиот лев бек беше меѓу најзаслужните за победата против поранешниот клуб.

Среден бек: Славчо Шулески (Еурофарм Пелистер 2) – Поранешниот младински репрезентативец имаше шест реализации против кумановци.

Десен бек: Урош Митровиќ (Вардар) – Српскиот репрезентативец одигра на ниво на дербито во Охрид и беше меѓу најдобрите на теренот.

Десно крило: Никола Стоилевски (Пролет) – Покрај Палевски и Андоновски, беше меѓу најдобрите во триумфот кај радовишани.

Пивот: Марко Стојковиќ (Алкалоид) – Одбраната на битолчани немаше решени за кружниот напаѓач кој даде осум гола на дербито.