Арбитри од Летонија ќе судат Вардар – Тулуз

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за 6 коло од групната фаза на Лигата на Европа.

Ракометарите на Вардар го пречекуваат францускиот Тулуз во натпревар чиј исход нема да влијае на пласманот во следната фаза, но може да влијае на позицијата на табелата.

ЕХФ ги делегираше летонските арбитри Иварс Чернавскикс и Едмунс Богдановс за дуелот во Скопје, на кој делегат ќе биде Црногорецот Емир Бешлија.

Натпреварот меѓу Вардар и Тулуз е закажан за 2 декември од 18:45 часот во СЦ „Јане Сандански“.