- Десното крило на Целје, Лука Периќ, од идното лето ќе настапува во францускиот шампионат за екипата на Нант. Босанскиот репрезентативец потпиша договор на три сезони и ќе остане до 2029 година.
- Унгарскиот вицепрвак Ференцварош промовираше три засилувања. Во тимот на Јеспер Јенсен доаѓаат голманката од Оденсе, Ана Кристенсен, средниот бек од ЧСМ Букурешт – Елизабет Оморегие и пивотот од Оденсе, Лиза Чапчет.
- Полскиот голман Матеуш Корнецки од идната сезона ќе настапува за екипата на Штутгарт. Корнецки бранеше за Келце, а пред две години дојде во Бундес лигата, каде бранеше за Ајзенах и Балинген.
- Левиот бек на Црна Гора и ЧСМ Букурешт, Ѓурѓина Јауковиќ, од наредното лето ќе се врати во татковината и ќе игра за Будуќност. Јауковиќ требаше минатото лето да заигра во Будуќност, но тоа не се случи, па камбекот беше одложен за една сезона.
























