Еве со кои екипи ќе игра Вардар во главна рунда, ќе навива за Сесвете во последното коло!

Ракометарите на Вардар се пласираа во главната рунда на Лигата на Европа, а втората екипа oд групата Ф ќе се бара меѓу шведскиот Кристијанштад и хрватскиот Сесвете.

„Црвено-црните“ во дуелите во февруари и март ќе играт против португалската Бенфика и германскиот Мелсунген предводен од Роберто Парондо.

Вардар е прв на табелата со седум бода, втор е шведскиот тим со седум, а хрватскиот состав има пет на третото место. Во последното коло Вардар ќе игра дома со Тулуз, а Сесвете му гостува на Кристијанштад. Сега македонскиот првак ќе навива за тимот на Вори во Шведска, што ќе му донесе пласман на Сесвете во ТОП 16, а тоа ќе значи и пренос на четири бода на Вардар. Ако победи Кристијанштад или мечот заврши реми, без разлика на исходот од средбата меѓу Вардар и Тулуз, македонскиот и шведскиот тим ќе пренесат по два бода. Ќе очекуваме и Бенфика да се потруди да го победи Мелсунген, па овие две екипи во главната рунда да стартуваат со по два бода.

По комплетирањето на петтото коло покрај Вардар во ТОП 16, се пласираа уште Фленсбург, Бидасоа Ирун, Фредериција и Бенфика. Од претходно пласирани во оваа фаза Хановер, Мелсунген, Архус, Монпелје и Кил, па остануваат слободни уште шест места.

Од групата А веќе се е решено, Фленсбург и Бидасоа одат понатаму, Турда и Сен Рафаел се елиминирани. Од групата Б, Монпелје и Кил одат понатаму, додека од групата Ц, во ТОП 16 сигурен е Архус, а за второто место се борат три екипи – Баја Маре, Гранољерс и Слован Љубљана.

Во групата Д сите карти се отворени, а во групата Е сигурни понатаму се Мелсунген и Бенфика, додека елиминирани се Ференцварош и Карлскрона.

Од групата Г во ТОП 16 се пласирани Хановер и Фредериција, немаат шанси за прогрес Савехоф и Татран Прешов, додека во групата Х каде што се Партизан, Нексе, Адемар Леон и Кадетен се ќе се решава во последното коло.

Лига на Европа, 5 коло, резултати:

група А
СЕН РАФАЕЛ – ФЛЕНСБУРГ 29-36
БИДАСОА ИРУН – ПОТАИСА ТУРДА 35-30

група Б
МОНПЕЛЈЕ – БЕРН 37-29
ОСТРОВИЈА – КИЛ 25-33

група Ц
БАЈА МАРЕ – СЛОВАН ЉУБЉАНА 28-22
СКАНДЕРБОРГ АРХУС – ГРАНОЉЕРС 28-29

група Д
ПОРТО – ФРАМ 44-30
ЛУЦЕРН КРИЕНС – ЕЛВЕРУМ 34-38

група Е
МЕЛСУНГЕН – КАРЛСКРОНА 35-34
ФЕРЕНЦВАРОШ – БЕНФИКА 33-31

група Ф
КРИСТИЈАНШТАД – ТУЛУЗ 34-26
СЕСВЕТЕ – ВАРДАР 24-38

група Г
ХАНОВЕР – ФРЕДЕРИЦИЈА 31-34
САВЕХОФ – ТАТРАН ПРЕШОВ 33-28

група Х
ПАРТИЗАН – НЕКСЕ 30-27
АДЕМАР ЛЕОН – КАДЕТЕН ШАФХАУЗЕН 30-27

Вардар моќно до главна рунда во Лигата на Европа!

Партизан фаќа залет за ТОП 16, шок за Слован Љубљана во Романија