Ракометарите на Вардар денеска ги очекува важен натпревар од Лигата на Европа на гостински терен во Хрватска. „Црвено-црните“ ќе гостуваат кај најпријатното изненадување досега во ова натпреварување – екипата на Сесвете.
Тренерот Иван Чупиќ и за овој меч нема да смета на повредениот Вуко Борозан, како и на Кеита, Стаменковиќ, Лазаревски, Еспиња…а во Хрватска не отпатуваа ниту Марко Богдановски и Мигел Пинто.
Тимот на Игор Вори загуби во Скопје на гостувањето во првото коло со 32-27, но остави добар впечаток, а дека добрите игри против Кристијанштад не беа случајност, покажаа и против Тулуз.
Вардар е прв на табелата со шест бода, додека Кристијанштад остана на пет, а Сесвете има исто толку на третото место и влегува во рамноправна трка за првите две места што водат во ТОП 16.
Натпреварот меѓу Сесвете и Вардар се игра вечерва во салата „Јелковец“ со почеток во 20:45 часот.

























