ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ: Ѓорче Петров на испит на жешкиот терен во Чаир

Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде дербито од Супер женската лига меѓу вторпласираниот Чаир и шампионот Ѓорче Петров.

Чаирчанки покажаа сезонава дека се сериозен кандидат за титулата, а веќе го победија актуелниот првак на негов терен со 28-26.

„Лавиците“ покажаа низа слабости, беа елиминирани и од Европа, па сега ќе бидат на вистински тест на гости во Чаир.

Двата тима влегуваат ослабени за меѓусебната пресметка. Кај Чаир ќе недостига пикерот Сабрина Фиоре, додека кај Ѓорче Петров нема да игра десниот бек Кристина Радаева.

Металург Автокоманда е лидер на табелата со 17 бодови, Чаир е второпласиран со 16 бодови, додека Ѓорче Петров има 15 на третото место.

Покрај суперлигашкото дерби, денеска ќе се игра и прволигашкото дерби меѓу лидерот Атлетик и второпласираната екипа на Ѓорче Петров 2 од 17:15 часот.

ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:

17:15 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 2 – АТЛЕТИК
19:00 ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ