Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 5 коло во Лигата на Европа.
Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски ја ужива довербата на ЕХФ и добија нова задача.
Тие се задолжени за арбитражата на дуелот меѓу данскиот Скандерборг Архус и шпанскиот Гранољерс.
Овој дуел на кој делегат ќе биде Халдорсон од Исланд е закажан за 25 ноември во „Дурсландс Арена“ во Архус од 18:45 часот.
























