Кадетките на собир – Даниела Новеска смета на 21 ракометарка

Селекторката на женската кадетска репрезентација, Даниела Новеска, го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела.

Новеска ќе смета на 21 ракометарка за овој собир од 17 до 23 ноември, а меѓу нив единствената интернационалка е Емма Лазаревска од шведскиот Малме.

Главно тоа се ракометарките што настапија на кадетското Европско првенство во Црна Гора, плус уште неколку нови имиња.

Следен голем предизвик за кадетките би можел да биде настапот на СП 2025, ако Македонија добие организација.

Собир за тренинзите во ЕХФ неделата ќе стартува во 08:30 часот во понеделник на 17 ноември.