Големото дерби на унгарскиот ракомет меѓу ПИК Сегед и Веспрем падна во сенка поради трагичниот настан што се случи за време на мечот.
Техничкиот директор на ПИК Сегед, 69-годишниот Иван Добози, изненадувачки починал откако му се слошило за време на натпреварот.
Тој работеше 37 години во ПИК Сегед, каде што остави длабока трага, а клубот се прости од него на социјалните мрежи.
„Неговата професионалност, знаење, хуманост и смисла за хумор, како и лојалност, ќе бидат незаменливи за нашиот клуб“, напишаа од ПИК Сегед.
Покрај трагичниот настан, мечот се доигра, Веспрем победи со 32-31, откако направи голем пресврт по негативата од пет гола.
Спортскиот директор на Веспрем, Ласло Наѓ, веднаш по мечот се симна на теренот и им порача на неговите момци да не ја слават победа и да се повлечат во соблекувалната.

























