Некогашните ракометари на Металург и тогаш Еурофарм Работник, Божо Анѓелиќ и Никола Ивановиќ, сега играат заедно за црногорскиот тим Будванска Ривиера.
Средниот бек Анѓелиќ, кој имаше договор и со Вардар, но никогаш не заигра за „црвено-црниот“ тим, настапуваше за Мешков Брест пред да се врати во тактовината.
По заминувањето од Металург играше за унгарскиот Ференцварош, Moтор Запорожје, ПЛЕР Будимпешта, Макаби Тел Авив, како и за Ал Кураин од Кувајт.
Десниот бек Ивановиќ, кој една сезона мина во Битола, кога тренер беше Ѓорѓе Чирковиќ, ја почна сезона во Црвена Звезда, но кратко се задржа во Белград и се реши за црногорската опција.
Toј во Србија играше и за Партизан, една сезона заедно со Анѓелиќ во Ференцварош, а во Еурофарм Работник беше во сезоната 2019/2020. Беше дел од израелскиот Хапоел Ришон Ле Зион, словачкиот Татран Прешов, романската Баја Маре и полскиот Горњик Забже, пред да се врати во татковината, но одново се реши за меѓународен предизвик.
Будва загуби во првиот натпревар од Тримо Требње со 33-23 во ЕХФ Европскиот Куп и се наоѓа пред елиминација.


























