По 13 сезони, Алборг останува без најдобриот стрелец во историјата!

По дури 13 сезони поминати во редовите на Алборг, најдобриот стрелец во историјата на клубот, Бастер Јул, од следната сезона ќе го носи дресот на Бјерингбро Силкеборг.

32-годишното лево крило потпиша договор на две години, со важност до летото 2028 година, иако планираше да ја заврши кариерата по истекот на договорот со Алборг.

„Имам голема желба и понатаму да играм ракомет на највисоко ниво – затоа Бјерингбро Силкеборг беше природен избор. Клубот секогаш имал високи амбиции и сметам дека може да постигне повеќе од последните сезони. Тоа беше клучен фактор во мојата одлука“, изјави Јул.

Бастер Јул заминува од Алборг како најдобар стрелец во историјата на клубот, а воедно е и втор играч со најмногу настапи, веднаш зад капитенот Рене Антонсен.

За 481 натпревар досега, Бастер Јул постигна 1570 погодоци.