Денеска ќе стартува новото, 11 суперлигашко коло, само два дена по репрезентативните натпревари во ЕХФ неделата.
Ракометарите на Вардар ќе гостуваат кај составот на Пролет во обид да ја продолжат победничката серија во елитната конкуренција и се големи фаворити.
„Сино-белите“ од Автокоманда не би требало да имаат многу проблеми на натпреварот против Струга.
Покрај двете суперлигашки средби, денеска ќе се игра и еден натпревар од Првата лига, на кој екипата на Вардар Неготино ќе го пречека Аеродром.
Свој настап во српскиот шампионат би требало да има и Сања Дабевска со нејзиниот Бор на дуелот со Партизан.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 АЛКАЛОИД – СТРУГА (МАКЕДОНИЈА)
18:00 ПРОЛЕТ – ВАРДАР (МАКЕДОНИЈА)
18:30 ВАРДАР НЕГОТИНО – АЕРОДРОМ (МАКЕДОНИЈА)
18:00 БОР – ПАРТИЗАН (СРБИЈА)

























