Македонската репрезентативка Пена Граматова игра во одлична форма во дресот на српскиот тим Војводина.
Под водството на екс кометалката Андријана Будимир, Војводина реди победи, а на последниот меч славеше против Спартак со 40-20.
Граматова беше прогласен за МВП на овој дуел откако беше најдобар стрелец и погоди девет пати во противничката мрежа.
Војводина е најголем фаворит за место во елитната конкуренција наредната сезона, а по шест кола има пет победи и еден пораз.


























