Изминатите неколку дена се одиграа четири натпревари од 5 коло во младинската машка лига, а колото ќе се комплетира на 4 ноември по одигрувањето на дуелот во Кавадарци.
Најинтересно беше во Куманово, каде што домашниот тим славеше во драматичен финиш против Пролет. Кумановци имаа плус шест, 30-24, но дозволија гостите да се вратат во егал, 33-33.
Сепак со двата гола на кадетскиот репрезентативец Вујичевски, Куманово зголеми на плус два, 36-34, а гостите до крајот само намалија и го направија поразот минимален. Вујичевски даде десет гола за Куманово, а по девет погодоци имаа Иванов и Стојановски, додека кај Пролет се истакна Симовски со 11 погодоци.
Убедливи победи запишаа двата битолски тима против Бутел Скопје, односно Вардар Неготино.
На табелата води Еурофарм Пелистер 2 со 12 бода, односно шест победи на шест натпревари.
Младинци, 5 коло, резултати:
Куманово – Пролет 36-35
Еурофарм Пелистер 2 – Бутел Скопје 35-21
Вардар Неготино – Еурофарм Пелистер 28-47
Вардар – Алкалоид 22-33
04/11, 17:00, Тиквеш – Мулти Есенс
























