Ракометната федерација на Македонија ја објави цената на билетите за натпреварот меѓу Македонија и Јапонија што ќе се игра во Куманово.
Тие имаат популарна цена од 100 денари, па избраниците на Кирил Лазаров ќе играат пред полни трибини во реновираната сала во Куманово.
Билетите ќе се продаваат онлајна на МК Тикетс, а претходно овие две селекции ќе одиграат уште еден натпревар од затворен тип во Скопје на 30 октомври.
Натпреварот од отворен тип меѓу Македонија и Јапонија е закажан за 1 ноември од 16:00 часот во градската сала во Куманово.



























