Актуелниот селектор на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, со видео порака им се обрати на сите љубители на спортот пред големиот ревијален натпревар „Легендите на сцена“, кој ќе се одржи во среда во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
„Ги повикувам сите љубители на ракометот да дојдат во салата и да ги видат на лице место нашите ракометни легенди – нашиот спорт број 1. Да уживаат во нивните мајстории и да им честитаме 20 години јубилеј на Спортско радио. Се гледаме во среда – да уживаме заедно во спектаклот што ќе го приредат!“, порача Лазаров.
Лазаров е најдобриот македонски ракометар во историјата и актуелен селектор на нашата репрезентација. Тој е најдобар стрелец во историјата на Светските првенства и најдобар стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите.
Покрај Кирил Лазаров, публиката во „Јане Сандански“ ќе има можност да ги види на дело најголемите македонски и регионални ракометни имиња: Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Филип Миркуловски, Пепи Манасков, Гоце Георгиевски, Бранко Ангеловски, Аце Станковски, Петар Ангелов-Диви, Раде Стојановиќ, Иван Марковски, Велко Маркоски, Влатко Неданоски, Горан Ѓоргоноски, Лазе Мајнов, Александар Царчев, Горан Кузмановски…
Меѓу интернационалните легенди кои ќе настапат се Веселин Вујовиќ, Лино Червар, Арпад Штербик, Вуко Борозан, Ренато Вугринеc, Игор Карачиќ, Жељко Муса, Горан Спрем, Данил Шишкарев, Жоан Канељас и уште многу познати ракометни имиња.
Интересот за овој спортски спектакл е огромен, а билетите се продаваат онлајн преку www.ticketx.com.mk и на билетарницата пред салата.
Организаторот најавува повеќе категории на билети, меѓу кои и ексклузивна категорија со места веднаш до теренот, за оние што сакаат да го почувствуваат адреналинот од најблиску.
📅 Среда, 29 октомври
📍 СЦ „Јане Сандански“, Скопје
🕗 Почеток: 19:00 часот
https://ticketx.com.mk/events/legendite-na-scena-01
➡️ Ракометна магија, емоции и легенди – едно име, една љубов: Ракометот!


























