Тимот на Атлетик ја забележа петтата победа во петтиот натпревар од новата сезона во Првата женска лига.
Избраничките на Татјана Хмирова славеа на гостувањето кај Јехона во Гостивар со убедливи 41-8.
Гостинките поведоа со 7-0 по десетина минути игра и веќе беше јасно каков меч ќе се гледа до крајот. До паузата веќе беше 18-3, а како заврши првиот, така започна и вториот и Атлетик ја премина границата од 40 погоци.
Најдобри стрели во победничкиот тим беа Моника Босилковска со девет гола и Сандра Трпеска со пет, додека по три гола кај Јехона имаа Абдулаи и Хасани.

























