ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Грчевски направи три промени, еве кои ќе играат против Словенија

Европската ракометна федерација ги објави составите на Македонија и Словенија за вториот дуел од квалификациите за ЕП 2026.

Селекторот Кристијан Грчевски направи три промени во однос на претходниот дуел што Македонија го загуби од Германија со 34-18.

На местото на Матеја Чурлиновска, на голот ќе застане Андреа Илиќ, додека во ростерот не се ниту Моника Килдан Јанеска и Леона Миленкоска, а шанса ќе добијат Бојана Коцева и Марија Јанкуловска.

Грчевски за оваа акција не смета ниту на повредените Сара Ристовска и Теодора Дукоска, а кај Словенките ќе отсуствуваат најискусните Тјаша Станко и Нина Зулиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Словенија се игра вечерва во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.