Дарко Георгиевски има нов клуб

Поранешниот македонски репрезентативец Дарко Георгиевски има нов клуб во јужниот сосед на Македонија.

Откако минатата сезона ги бранеше боите на ПАОК од Солун, Георгиевски во новата сезона ќе биде дел од Верија.

Станува збор за искусен ракометар, кои може да ги покрие сите бековски позиции, кој може да му помогне на грчкиот клуб во битката за подобар резултат.

Потекнува од Вардар, во Македонија играше за Куманово и Пелистер, во Франција играше за Ланесте, Анже, Белфор, Хенебон, во Диферданж од Луксембург и босанската Слобода Тузла.