Ракометниот клуб Вардар 1961 извесен период ќе мора да настапува без својот голман Мигуел Фереира Еспиња, кој во текот на неделата беше подложен на оперативен зафат на коленото.
Клубот информираше дека интервенцијата успешно ја извел др. Небојша Настов, а според првичните проценки, португалскиот чувар на мрежата ќе паузира меѓу 4 и 6 недели, по што ќе започне со постепен процес на рехабилитација и враќање во тренажен ритам.
Фереира од почетокот на сезоната имаше повремени проблеми со коленото, кои го попречуваа да настапува со полн капацитет, па по консултации со медицинскиот тим на клубот беше донесена одлука проблемот да се реши со хируршка интервенција.
Во моментов Вардар има тројца голмани: Васил Гогов, Милош Валах и Марко Богдановски.