Селекторот на женската младинска репрезентација Симе Симовски, објави список на ракометарки на кои ќе смета за претстојната ЕХФ недела од 13 до 19 октомври.
Симовски ќе смета на 19 ракометарки кои ќе одиграат тест натпревари со женската кадетска репрезентација.
Од овие 19 ракометарки, 12 настапија на Европското првенство за младинки што се одржа минатото лето и не обезбедија место на Мундијалот.
Во националниот тим ќе се врати пивотот на Чаир, Хана Мифтари, а Ива Младеновска ќе биде со сениорската репрезентација на Македонија.
Собирот на младинките ќе биде на 13 октомври од 16:30 часот во салата „Христо Батанџиев“ во Волково.