Поширок список на Кузманоски – 35 ракометари во конкуренција за квалификациите за ЕП

Селекторот на машката кадетска репрезентација, Горан Кузманоски, го објави поширокиот список на ракометари пред квалификациите за ЕП 2026.

Кузманоски има 35 ракометари на поширокиот список, од кои ќе се бараат патниците за Луксембург.

На списокот на селекторот има само еден интернационалец – Милош Стојановиќ од словенечкиот Тримо Требње, a oд составот што играше на ЕМОФ ќе недостига Андреја Угреновиќ од германскиот Ерланген, кој е повреден.

Главните тестови Македонија пред евро-квалификациите ќе ги има на „Трофеј Карпати“ против Романија, Полска и Србија.

Македонија ќе биде дел од квалификацискиот турнир што ќе се игра во Луксембург од 31 октомври до 2 ноември, каде покрај домаќинот ќе играат уште Финска и Грција.