Тимот на Охрид загуби на гостувањето кај шампионот Еурофарм Пелистер со 33-27, откако и на полувремето имаше негатива од четири гола, 18-14.
Немаше голема неизвесност на овој дуел, а левиот бек Анте Иванковиќ вели дека лошиот старт ги чинеше пораз.
„Не одговоривме така како што требаше, ос стартот да одиграме силно и компактно во обраната, не одигравме како што се договориме пред натпреварот и тоа резултураше со лошо прво полувреме. За жал. во второто полувреме не успеавме да го фатиме чекорот со нив и резултатот е таков“, вели Иванковиќ.
Следен предизвик за охриѓани ќе биде двомечот со азербејџанскиот тим Баку во ЕХФ Европскиот Куп.