За собирот и двата квалификациски натпревари за ЕП 2026 против Македонија и Белгија, селекторот на Германија, Маркус Гаугиш избра 19 ракометарки.
Тој се потпира на континуитет – сите ракометарки во германскиот состав беа дел и од септемврискиот собир и двата дуели со домаќинот на СП, Холандија.
Дополнително, на пивотменската позиција ќе биде вклучена Мари Штефен од Олденбург. Тука се искусните Ксенија Смитс, Антје Дол, Емили Болк, Јулија Маидоф…
„Целта е јасна – сакаме да освоиме четири поени како прв чекор кон ЕП. Целосно сме фокусирани на нас и на нашиот пат кон домашното СП. Сакаме да го пренесеме моментумот од натпреварот против Холандија. Ова е нашето последно собирање пред подготовките за СП. Очекувам од сите ракометарки да го дадат максимумот и целосно да се вложат на двата меча со Македонија и Белгија“, изјави Гаугиш.
Македонија и Германија ќе играат во „Швалбе Арена“ во Гумерсбах на 16 октомври од 19:30 часот, а потоа нашата селекција ќе се сретне со Словенија на 19 октомври во Битола во салата „Боро Чурлевски“ од 18:00 часот.