Селекторот на женската сениорска репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список на ракометарки за првите две средби од квалификациите за ЕП 2026.
Меѓу 35 ракометарки ја нема голманката Јована Мицевска, која беше дел од претходните официјални натпревари на националниот тим.
На списокот на Грчевски се наоѓаат 11 интернационалки и дури 24 ракометарки од домашното првенство од Ѓорче Петров, Вардар, Металург Автокоманда, Чаир и Атлетик.
Македонија го игра првиот натпревар од евро-квалификациите против Германија на 16 октомври во Гумерсбах во „Швалбе Арена“ од 19:30 часот, додека втората средба е против Словенија на 19 октомври од 18:00 часот во салата „Боро Чурлевски“ во Битола.
Во квалификациската група е уште и селекцијата на Белгија, со која Македонија ќе се соочи во март 2026.