Четири екипи триумфираа на гостински терен во 2 коло на машката пионерска лига, а највисоката разлика ја остварија ракометарите на Охрид кои на гостувањето во Скопје кај Бутел во А групата триумфираа со 31-10. Илија Трајчески со гола го предводеше тимот на пионерскиот првак, а Климент Пројковски даде 5 гола.
Дербито на колото се играше во Скопје, меѓу вториот тим од Автокоманда и ланскиот учесник на Ф4, екипата на Вардар. Домашните триумфираа со 26-23, до до последните минути беше неизвесно. Двата тима имаа свои минути, и никој не успеа да „избега“ со повеќе до два гола. Во последните минути вардарци намалија на 24-23, но во последните 90 секунди примија два гола, а не ги искористија своите напади.
Горјан Петрушевски постигна 9 гола за тимот од Автокоманда, а Максим Тотиќ даде два помалку. Кај гостите, Никола Никчевиќ и Давид Марјановиќ постигнаа по 5 гола.
По загубениот бод дома, Струга триумфираше на гости кај Еурофарм Пелистер, а Војо Клењоски постигна 8 гола за гостите. Кај битолчани по 5 гола дадоа Михаил Костевски и Марио Димитровски.
Во Б групата, актуелниот вицепрвак Еурофарм Пелистер 2 лесно го „реши“ Тиквеш. Домашните ракометари во вторито дел дадоа само 3 гола, наспроти 8-те на битолчани и тука беше решен победникот. Иван Колеќески и Матеј Мачковски дадаоа по 4 гола за Еурофарм Пелистер 2, а исто толку даде и Благој Најдов.
За комплетирање на колот треба да се одигра и мечот Младост – Алкалоид, што е закажан за утревечер во Богданци
РЕЗУЛТАТИ – 2 коло
Група А
Еурофарм Пелистер – Струга 19-21
Бутел – Охрид 10-31
Мулти Есенс – Вардар 26-23
Прилеп – Пролет 23-22
ТАБЕЛА: Охрид и Мулти Есенс по 4 бода, Струга 3 бода, Прилеп и Пролет по 2 бода, Вардар 1, Еурофарм Пелистер, Динг и Бутел без бодови
СЛЕДНО КОЛО: Пролет – Мулти Есенс, Охрид – Прилеп, Струга – Динг, Вардар – Еурофарм Пелистер
Група Б
Тиквеш – Еурофарм Пелистер 2 9-17
Шампион – Радовиш 6-21
Куманово – Македонија ЃП 28-18
Понеделник
Младост – Алкалоид 18,30 ч.
ТАБЕЛА: Куманово и Еурофарм Пелистер 2 по 4 бода, Тиквеш, Македонија ЃП и Радовиш по 2 бода, Алкалоид (-1 меч), Гемиџии, Младост (-1 меч) и Шампион без бодови.
СЛЕДНО КОЛО:
Македонија ЃП – Гемиџии
Радовиш – МРК Куманово
Еурофарм Пелистер – Шампион
Алкалоид – Тиквеш