Две македонски репрезентативки ќе „пливаат“ во политички води

Спортисти и спортистки во политика не е ништо ново, а најнови на таа листа се две македонски ракометарки – една поранешна, една се уште активните на терените.

Станува збор за кружниот напаѓач Наташа Ѓорѓевиќ и левиот бек Милица Николиќ, кои се во трка за советнички места на претстојните локални избори. Првиот круг ќе се одржи на 19 октомври.

Ѓорѓевиќ во минатото ги носеше дресовите на Куманово, Металург, Kaле Кичево, Еуростандард Ѓорче Петров и Кометал Ѓорче Петров, а настапуваше и за македонската репрезентација на ЕП 2008 година. Беше активната и како тренер, работеше во машкиот тим на Куманово и претходно во Карпош Вардар.

Некогаш Младеновска, сега Ѓорѓевиќ, во моментов работи како дефектолог и ќе биде кандидат на независната советничка листа во општина Куманово.

За разлика од Ѓорѓевиќ, Николиќ е активна на ракометните терени во дресот на шампионот Ѓорче Петров, а претходно таа играше за Металург и Вардар.

Николиќ, која е професорка по спорт и физичко образование, ќе биде кандидат за советничката листа во општина Ѓорче Петров.