По три врзани порази во данскиот шампионат и во Лигата на шампионите, ГОГ Гудме забележа триумф.
ГОГ Гудме славеше на домашен терен против Гриндстед со 34-31, откако во текот на целиот меч ја имаше предноста против гостите.
Во отсуство на повредениот Оли Митун, најдобар стрелец на ГОГ Гудме беше Фредерик Бјере со десет погодоци.
Следен предизвик за ГОГ Гудме ќе биде гостувањето кај Еурофарм Пелистер в среда на 24 септември во рамките на ЛШ.