Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде дерби натпреварот во Автокоманда, каде ќе гостува шампионот Еурофарм Пелистер.
Избраниците на Кирил Лазаров имаат една победа и едно реми по првите две кола, додека битолчани беа супериорни против Бутел Скопје и Пролет.
По одличната партија против ПСЖ, а пред важниот дуел со ГОГ Гудме во Лигата на шампионите, пелистерци одат на жежок терен кај „сино-белите“ во Автокоманда.
Во вториот натпревар од Супер лигата за денеска, тимот на Еурофарм Пелистер 2 ќе гостува кај Куманово. Двата тима имаат половичен ефект по две кола.
Покрај суперлигашките средби, денеска ќе има и три натпревари од прволигашката конкуренција во Скопје и Гостивар.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 АЛКАЛОИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 КУМАНОВО – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 (МАКЕДОНИЈА)
14:30 АЕРОДРОМ – ДРАЧЕВО ЈУНИОР (МАКЕДОНИЈА)
19:00 ЈЕХОНА – ТЕКСТИЛЕЦ (МАКЕДОНИЈА)
20:00 МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – ОВЧЕ ПОЛЕ (МАКЕДОНИЈА)