Женската репрезентација на Македонија е победник на „Трофеј Македонија“, откако африканскиот двобој меѓу Тунис и Египет заврши реми.
На крајот Македонија е прва со четири бода, Египет заврши втор со три, Грција има исто толку на третото место, додека Тунис е последен со два бода.
За најдобра голманка на „Трофеј Македонија“ беше избрана Гома Маи од Тунис, која имаше одлични партии на трите меча.
Најдобар стрелец на турнирот во Охрид е Фатма Ауж од Тунис, а истата ракометарка беше прогласена и за МВП.