Драма на „Трофеј Македонија“ – Грција во последната секунда до реми со Тунис!

Селекцијата на Тунис иако беше пред победа над Грција, сепак може да жали што остана со празни раце, откако јужниот сосед на Македонија во последната секунда успеа да стигне до бод, 26-26.

Тунижанките водеа со плус четири во финишот, 26-22, но со пресинг по целиот терен Грнкинките успеаја да се вратат во игра.

Постигнаа три гола за четириесетина секунди и стигнаа до реми, 26-26. При 26-25, Тунис имаше зицер, но голманката Кепесиду одбрани, па останаа уште десетина секунди.

Грција успеа да организира напад и во последната секунда беше постигнат погодок што ги остава во трка по трофејот на „Трофеј Македонија“. Во првото полувреме се играше израмнето, а на пауза со гол предност замина африканската репрезентација, 13-12.

Во вториот натпревар од вториот натпреварувачки ден, Македонија од 20:30 часот ќе игра против Египет.