Пред да дојдат важните квалификациски дуели со Германија и со Словенија, македонските ракометни сениорки настапуваат на „Трофеј Македонија“ кој по речиси дводецениска пауза повторно се возобновува. На него учествуваат репрезентациите на Македонија, Грција, Тунис и Египет.
Во Охрид после првиот ден Македонките имаат победа од 34-27 против Тунис. Постојано бевме во водство, и на крај разликата можеби и превисок, бидејќи Тунижанките не се предаваа, и постојано притискаа.
За селекторот Кристијан Грчевски, најважно е дека победиле, за подобра атмосфера за она што им претстои.
„Прва победа, што е важно за атмосфера и за добро отварање на сезоната и за она што ни следува. Ги искористив сите играчи, да нема замор кај нив, и сите добро тоа го искористија, не беше важана разликата, сакавме да победиме, на крај можеби малку и повисока разлика. Има уште некои работи да се подобрат. Малку сме во изменет состав, одбранбено, можеби во средината на позициите 3 и 4 ќе ни треба време да се воиграме, смета Грчевски.
Во второто коло Македонија игра со Египет.
View this post on Instagram