Ракометарите на Охрид по ремито во Автокоманда и победата во езерскиот двобој над Струга, доаѓаат кај Вардар во третото коло од Супер лигата.
Хрватот Анте Иванковиќ, кој беше МВП на турнирите во Струга и Охрид, го најави мечот со „црвено-црните“, кој очекува да биде тврд и машки.
„Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани. Вардар е добра екипа со физички силни играчи. Имаме доста време за работа, подготовки и анализа на противникот. Очекувам тврд и машки натпревар, со силна одбрана на двете страни. Покажавме дека знаеме да играме со квалитетни противници, не очекувам ништо помалку ни сега и ќе продолжиме така на секој меч“, вели Иванковиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Охрид ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“, в сабота на 20 септември со почеток во 18:00 часот.