Една од дерби средбите во третото коло во Супер машката лига меѓу Вардар и Охрид ќе се игра в сабота во СЦ „Борис Трајковски“.
Од утре на пладне ќе започне продажбата на билети за оваа средба, а тие ќе чинат 150 денари за сите блокови.
Вардарци мораа да се „преселат“ на кратко во СЦ „Борис Трајковски“, бидејќи нивниот дом СЦ „Јане Сандански“ е зафатен со европско натпреварување во џудо.
Натпреварот меѓу Вардар и Охрид е закажан за в сабота од 18:00 часот.