Најдоброто од Македонија на „Трофеј Македонија“

Од денеска до сабота во СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се одржи „Трофеј Македонија“, на кој покрај нашата селекција, ќе играат Тунис, Египет и Грција.

Познати се и официјалните лица – судии и делегати, кои ќе работат на натпреварите денеска, утре и задутре.

Ќе судат Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, Силвана Карбеска и Марија Илиева, браќата Илиевски…

Натпреварите се играат во СРЦ „Билјанини Извори“, а влезот за сите е слободен.

18/09, 18:15, Грција – Египет (Николов/Начевски – Ристески)
18/09, 20:30, Македонија – Тунис (Митревски/Тодоровски – Мајнов)
19/09, 18:15, Тунис – Грција (Николов/Начевски – Мајнов)
19/09, 20:30, Македонија – Египет (Илиевски/Илиевски – Стефановски)
20/09, 14:00, Египет – Тунис (Металари/Николовски – Мајнов)
20/09, 16:30, Македонија – Грција (Карбеска/Илиева – Начевски)