Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, откри дека македонската куќа на ракометот ќе добие два нови спонзори.
Тој ја потврди и претходно најавената донација на топки за женските клубови во Македонија, која ќе се одвива во два термини.
„Наредната недела ќе има прва донација на атопки, лепаци и мрежи за сите екипи. Дел ќе бидат поделени сега, а другиот дел околу Нова Година. Има околу 1.000 топки. Во тек сме на финиширање на договорите со два нови спонзори, кои ќе се приклучат на РФМ и ракометот. Во тек се правните работи и тие со задоволство ќе се приклучат на македонската куќа на ракометот“, изјави претседателот Стефанов.
Репрезентативните селекции ги очекуваат многу предизвици во следниот период. Дамите ги стартуваат квалификациите за ЕП 2026, додека момците ќе настапат на ЕП 2026 во јануари во Данска, Шведска и Норвешка.