„Со ‘ракометниот караван’ да ги донесеме децата од 8 до 12 години во сала“

Почнувајќи од викендов стартува новата идеја на Ракометната федерација на Македонија со организирање на „ракометен караван“ кој во текот на сезоната треба да мине низ повеќе градови на државата.

Охрид е првата дестинација, а потоа во октомври е договорено караванот да „мине“ и низ Битола.

„Целта е караванот да минеме низ сите поголеми градови во Македонија, да видиме какви се условите таму, да видиме дали има таму работници и услови кои сакаат да работат. Поентата е да ги запознаеме сите, и наш таргет се децата од 8 до 12 години, сакаме нив да ги донесеме во сала, потоа да почне да се отворат повеќе школи, и во наредните години да имаме дупло повеќе играчи во нашиот систем, вели Влатко Тасевски, генералниот секретар на РФМ

Тој најави дека покрај сегашните селекции до 15 години, во план е наскоро да се формираат преку караванот и селекција до 13 години.

„Од генерација во генерација се намалува интересот за спортот, генерално. Сакаме со караванот дека има нешто повеќе од тоа да се седи дома и пред теелфон, она што е поважно е тимскиот дух и вежбањето. Најголемата иднина ни се дечињата. Со ова се обидуваме да направиме репрезентативците да ја кажат својата животна приказна, и да го испромовираме караванот, смета Тасевски.