Бутел во последна секунда елиминиран од Дуделанж од Купот на ЕХФ

Бутел и во четвртиот обид не успеа да мине коло во европските купови, откако овојпат беше елиминиран тимот на Дуделанж во Купот на ЕХФ. На домашен терен Бутел се мачеше да го „скрши отпорот“ на гостите од „неракометната земја“ и на крајот во вистинска драма не успеаја да ги задржат оние четири гола предност од првиот меч (31-27). Во Скопје во „Јане Сандански“ триумфираше Дуделнаж со 29-24 со гол од контра во последната секунда.

Требаше да биде „лесен меч“ со Дуделанж, но, до последните минути во „Јане Сандански“ беше неизвесно. Како да го потценија ривалот, а на теренот тие играа лесно и без притисок. Им се укажа шанса, и сакаа да ја искористат. И на крај Бутел имаше напад, за гол, но не само што не упатија удар туки и му дозволија на противникот да направи контра од која го постигна голот што им донесе пласман во следното коло.

Дуделанж го отвори натпреварот подобро и брзо поведе со 2-0, но Бутел возврати преку Филип Николов, кој беше сигурен од седум метри и донесе израмнување (2-2). Домашните дури поведоа со 4-2 по погодокот на Дамјан Субашевски, но гостите со серија на Лорис Лабонте (4 гола во првото полувреме) го вратија резултатот и го презедоа водството.

Бутел – Дуделанж

Тренерот Горан Кузмановски во 15. минута мораше да бара тајаут, со цел да ги „разбуди“ играчите кои делуваа како да се веќе во следното коло. Играта им беше прочитана, а гостите лесто доаѓаа во позиција з ашут, понекогаш и зицер, и само поради својата непрецизност немаа поголема резултатска предност. А тоа одеше во корист на Бутел.

Најдобриот период за Бутел беше меѓу 16. и 22. минута, кога Александар Стојаноски забележа неколку клучни одбрани, а Тодор Узунчев со два гола донесе ново израмнување, а потоа и водство (8-7). Сепак, завршницата повторно им припадна на гостите – Зекан од пенал и Фин Колер погодија за 12-11 за Дуделанж, а со нов гол од седум метри на Зекан во последната секунда, Дуделанж обезбеди минимална предност на полувреме.

Статистички, Бутел имаше 50% реализација (12/24), додека гостите беа поефикасни со 59% (13/22). Стојаноски забележа 6 одбрани (31%), а Мика Херман за гостите 4 (25%). Но, на терен тешко им одеше на домашните кои бараа начин да направат предност за мирна завршница.

Бутел продолжи да игра променливо и му дозволи на противникот за седум минути да направи предност од 18-14, со што веќе ја анулираше предноста што ја имаше македонскиот тим од првиот меч. Се рави борба на теренот, и нервоза на двете клупи. Едните притискаа да се намали разликата, другите да се зголеми. Брзо зе менуваа работите на теренот, па од „минус 4“ (14-18) домашните дојдоа до ситуација за намалат на само еден гол, но Николов направи пробивање.

Израмнувањето дојде во 46 минута кога Субашевски погоди за 20-20, па имаа домашните и напад за водство, а потоа Александар Стојановски ја направи деветтата одбрана на мечот, и повторно неговите соиграчи беа во напад за водство. Направи Бутел пресврт и поведе со 22-20, и потоа застана. Гостите врзаа серија од 3-0 и поведоа со 23-22. Сега веќе се играше „гол за гол“ а времето течеше. Иако Бутел губеше, сепак имаше предност која му беше потребна за продолжување во следното коло.

Последните пет минути донесоа водство на Дуделанж од 24-23, и повторно промашена шанса за израмнување. Голманот Мика Херман имаше само 9 одбрани, но сите кога требаше и кога неговиот тим мораше да се одбрани. Во 57 минута повторно одбрани, а Дуделанш имаше водство 25-23. Во напад Самуел Итуа погоди за 26-23, а Бутел повторно не реализираше напад. Михајловиќ загуби една топка, а Самуел Итуа со неговиот 6 гол донесе предност од 27-23, што значеше анулираше на предноста од првиот меч. Остануваа уште две минути, а Филип Николов изнуди пенал.

Голманот Херман го одбрани ударот на Бојан Спасовски, а гостите на спротивната страна исто така не реализираа бидејќи Александар Стојаноски со шпага го одбрани ударот. Она што претходно го промашија неговите соиграчи Дамјан Субашевски о дкрило го реализираше и намали на 24-27. Во последната минута Дуделанж двапати погоди, а Бутел имаше два не реализирани напади.

И на крајот, Дуделанж заслужено се израдува на триумфот.