РФМ го враќа „Трофеј Македонија“ – три дена репрезентативни натпревари во Охрид

Новото раководство на Ракометната федерација на Македонија го организира „Трофеј Македонија“, турнир што во минатото се одржуваше редовно и во машка и женска конкуренција.

Во претстојната ЕХФ недела, сениорската женска репрезентација ќе има три проверки пред стартот на квалификациите за ЕП 2026 година.

Избраничките на Кристијан Грчевски, кој има состав со неколку нови ракометарки, ќе играа против Египет, Тунис и Грција, а РФМ го потврди распоредот на натпреварите на турнирот што ќе се игра во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид од 18 до 20 септември.

На првиот ден в четврток, Македонија ќе игра против Тунис од 20:30 часот, следниот ден против Египет во истиот термин, а на последниот ден в сабота, нашите репрезентативки ќе се соочат со јужниот сосед од 16:30 часот.

Грчевски објави список – без Ристовска, Мицевска, Петковска…на „Трофеј Македонија“