Карбеска и Илиева ќе судат на Европското полициско првенство

Двете македонски судијки со ЕХФ значка, Силвана Карбеска и Марија Илиева, ќе додадат уште едено големо натпреварување во својата биографија.

Карбеска и Илиева ќе судат на Европското полициско првенство за жени што ќе се игра во унгарскиот град Балатонфуреди.

Македонските судијки ќе ја делат правдата на натпреварите што ќе бидат на програмата од 14 до 20 септември.

На ова првенство ќе играат седум репрезентации, а покрај домаќинот во групата А ќе бидат уште Австрија и Норвешка, додека во групата Б ќе играат Данска, Словачка, Германија и Франција.