Денеска продолжува суперлигашката конкуренција со еден натпревар, во кој вицепрвакот Вардар гостува кај Струга.
„Црвено-црните“ по поразот во Супер купот од најголемиот ривал ќе бараат рехабилитација против стружани, кои имаат сезонава млад состав на располагање.
Иван Чупиќ и покрај проблемите со повреди, ќе состави тим што ќе може да ги освои првите бодови во сезоната.
Натпреварот ќе се игра во салата „Тими“ денеска со почеток од 18:00 часот, а судии ќе бидат Виктор Андонов и Спаско Ќаев.
Делегат е Славчо Каланоски од Струга.