Лидерски тандем за иднината: Дарј и Виде ја продолжија приказната со Фуксе!

Бундеслигашот Фуксе Берлин официјално потврди дека двајца клучни ракометари остануваат дел од „лисиците“ и во наредните сезони.

Пивотот Макс Дарј, кој се приклучи на клубот во 2022 година од Бергишер, потпиша нов договор што ќе важи до 2028 година.

Најискусниот играч на тимот, Фабијан Виде, кој е дел од Фуксе уште од 2012 година, ја продолжи својата верност кон клубот и ќе остане до 2027 година.

Со ова, Фуксе испрати јасна порака дека гради стабилна иднина со проверени лидери и икони на клубот.