Келце активира бомба – пристигнува хрватскиот „снајпер“ Лука Ловре Кларица!

Полскиот вицепрвак Келце официјално потврди дека од летото 2026 година ќе добие големо засилување – хрватскиот репрезентативец Лука Ловре Кларица.

Келце претстојната сезона ќе се прости од две големи ѕвезди – Алекс Душебаев и Хорхе Македа, но клубот веќе гради иднина. Прво беше објавено дека ќе пристигне Жулиен Бос од Нант, а сега навивачите добија уште подобра вест.

Кларица, 23-годишен десен бек висок два метри, е еден од најталентираните ракометари на својата позиција во светот. Својата класа ја потврди во дресот на Загреб, каде дебитираше во Лигата на шампионите уште како тинејџер. Досега има над 200 голови во европските натпреварувања, меѓу кои 63 во последната сезона.

Со Хрватска во јануари стигна до сребро на Светското првенство, иако конкуренцијата го остави во втор план зад Иван Мартиновиќ и Матео Мараш.

Во Загреб ќе одигра уште една сезона рамо до рамо со Игор Карачиќ, кој беше дел од Келце, пред да го облече „жолто-бело-синиот“ дрес идното лето. Кларица би требало да остане во полскиот тим до 2030 година.