Прволигашот Драчево Јуниор продолжува да ги засилува своите редови пред стартот на новата сезона во која влегува со суперлигашки амбиции.
Најново име во овој клуб е средниот бек Стефан Кочаров, кој беше дел од Радовиш, а претходно има настапувано за Борец ФЛ, Пролет, Вардар Неготино….
По фузијата меѓу Драчево и Јуниор Кисела Вода, апетитите се зголемени, па клубот посакува битка за суперлигашката конкуренција, иако ќе има големи конкуренти во Младост Богданци, Вардар Неготино, Македонија Ѓорче Петров…
Драчево Јуниор ги донесе еден од најдобрите прволигашки стрелец – Филип Петровски, како и Филип Фидановски, Андреј Крстевски, Мартин Павличковски, Александар Стојменов, Јован Марковски и Антонио Николовски, а до стартот на сезоната се очекуваат уште неколку нови имиња.
Во првото коло од новата прволигашка сезона на 13/14 септември, Драчево Јуниор ќе игра дома со Шампион.