Како што најавија пред неколку сезони кога за првпат беше организиран турнирот „Крсте Андоновски“, како минуваа годините така и квалитетот на екипите, организацијата и покажаниот ракомет постојано растеше. Годинава е 4. издание на турнирот кој од 19 до 23 август ќе се игра во салата во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Од осумте екипи, дури шест лани завршија во ТОП 2 во своите држави, и доаѓаат три шампиони на своите земји. Турнирот е посветен на ликот и делото на легендарниот ракометар и тренер Крсте Андоновски, а за четири години постоење веќе стана препознатлив спортски бренд.
Вардар како бранител на трофејот од лани сезонава во Охрид доаѓа со желба да биде првиот тим што ја одбранил титулата, но и со трофеј да ја почне сезоната. Многу нови играчи, нов стручен штаб, но стари желби. Да се врати титулата дома. Ланското првенство десетина минути ги делеа од титулата, но загубија во Скопје од Еурофарм Пелистер. Следуваше „реконструкција“ на тимот.
Во екипата дојде Иван Чупиќ, дел од златната генерација на „црвено-црните“ кои во 2017 и 2019 година ја освоија европската титула, а и во 2018 играа на Ф4 турнирот. Сега во улога на тренер. Од таа генерација во екипата е само Вуко Борозан кој беше дел од првата титула во 2017 година во Келн.
Скопјани подготовките ги одбработеа во Скопје и во Пехчево каде одиграа и контролен меч со Бутел, што убедливо го добија. Но, вистинската слика за силата на Вардар треба да се види токму сега на турнирот во Охрид.
„Ова е добар турнир, и добри ривали за да видиме до каде сме. И Динамо Панчево и Требње и Еурофарм Пелистер ќе ни бидат сериозни мечеви, бидејќи тоа се секако и сериозни екипи. Тешко е да се каже кој ефаворит, и Охирд, и Еурофарм Пелистер и Вардар, и Нексе, Но знаеме дека е подготвителен период и никој нема да биде во топ форма. Целите за сеознава се да ја вратиме титулата, и повторно да ја вратиме лигата на шампионите во Скопје, вели Иван Чупиќ, тренерот на Вардар.
На турнирот во Охрид првенството ќе биде воигрувањето на тимот.
„Сакам да им дадам на сите играчи да има прилика да играат, на секој меч да напредуваме. Има интересни мечеви. Сакам да се покажеме во добро светло, но се уште е подговителен период. Секој меч треба да биде подобар од претходниот, и да работиме на нашите формаа. Сакаме да имаме ниво на играта и ќе ни послужи за она што ни следува потоа, вели Чупиќ.
Осум играчи заминаа, а девет дојдоа летово. И тоа ќе бид еглавниот предизвик сега за сите во Вардар што побрзо да се вклопат.
„Нови играчи, нов тренер. Треба повеќе мечеви бидејќи треба да влезат во системот на играта. Првичната цел е да биде наша воиграност и се надевам овој силен тоа ќе ни помогне. Доволно ни се познати ривалите, се работи за екстремно квалитетен турнир. Играме тука и со Еурофарм Пелистер, тука е Охрид, Нексе…Не би можел да кажам кој е фаворит има многу екипи. Ќе зависи од повеќе фактори. Која екипа ќе има најдобра воиграност“, вели Гоце Георгиевски, капитенот на клубот.
❗❗ СИТЕ НОВОСТИ ПОВРЗАНИ СО 4. ИЗДАНИЕ НА ТУРНИРОТ „КРСТЕ АНДОНОВСКИ“ ВО Охрид можете да ги најдете во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет. ❗❗
❗❗ Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и на Instagram и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон… ❗❗
ВАРДАР Актуелен играчки состав
ГОЛМАНИ: Мигуел Еспиња, Милош Валах, Васил Гогов, Марко Богдановски
ЛЕВИ КРИЛА: Мохамадоу Кеита, Марио Стојановски
ЛЕВИ БЕКОВИ: Филип Талески, Вуко Борозан, Дмитро Хориха
СРЕДНИ БЕКОВИ: Јака Малус, Николас Боно, Харуки Кавада, Марио Танкоски
ДЕСНИ БЕКОВИ: Урош Митровиќ, Марек Марчинијак, Кристијан Стаменковиќ
ДЕСНИ КРИЛА: Гоце Георгиевски, Мигуел Пинто, Ален Ќосевски
ПИКЕРИ: Милан Лазаревски, Виктор Јанковски, Кристијан Анастасовски
ТРЕНЕР: Иван Чупиќ
ДОЈДОА: Милош Валах, Мохамадоу Кеита, Филип Талески, Јака Малус, Николас Боно, Урош Митровиќ, Марек Марчинијак, Виктор Јанковски, Кристијан Анастасовски
ЗАМИНАА: Марко Срдановиќ, Стефан Петриќ, Матија Николиќ, Младен Крсманчиќ, Томислав Јагуринвски, Ашраф Маргхели, Михаил Аларов, Ларс Кооиј,
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ НА ТУРНИРОТ
19 август: Вардар – Динамо Панчево
21 август: Еурофарм Пелистер – Вардар
22 август: Тримо Требње – Вардар
23 август: Меч за пласман