Тимот на Младост Богданци влегува во завршната фаза од подготовките за новата сезона, во која целта е враќање во елитното друштво на македонскиот ракомет.
Раководството веќе е во потрага по нов кружен напаѓач, откако стана јасно дека Никита Соколов, нема да пристигне во Македонија.
Белорускиот интернационалец поради административен проблем не успеа да ја напушти својата татковина, па клубот ќе донесе нов пивот.
Во новата сезона Младост ќе го предводи искусниот стратег Горан Андоновски, а покрај тренерската промена, составот го засилија и Кристијан Костадиновски, Даниел Андоновски, Гоце Аргиров, Никола Димитров, Зоран Стојановски и Лазар Адамовиќ.
За темпирање на формата пред стартот на сезоната, ракометарите на Младост Богданци ќе одиграат серија контролни натпревари против Еурофарм Пелистер 2, Радовиш и Куманово.