Вардар Неготино се засили пред битките за Супер лига – донесе и десен бек

Тимот на Вардар Неготино полека го составува играчкиот мозаик пред стартот на битките за Супер лигата.

Ново име во неготинскиот состав е десниот бек Иван Митревски, кој минатата сезона ја мина во Куманово, а претходно беше дел од Металург, Македонија Ѓорче Петров, Радовиш, Партизан Гевгелија, Младост Богданци, но играше и во Неготино, па ова е камбек за него.

Пред Митревски, Вардар Неготино го ангажираше ракометарот на векот, Пепи Манасков, за нов тренер, а донесе и искусни суперлигашки имиња – левото крило Христи Бикоски и десното крило Мице Шилегов, како и голманот Никола Стојкоски.

Од Младост Богданци се врати средниот бек Ѓорѓи Орешков, додека остана и капитенот Драган Кузманов, а во наредните денови се очекуваат уште неколку нови ракометари.

Вардар Неготино во првото коло од Првата лига на 13/14 септември ќе му гостува на Овче Поле во Свети Николе.